Измени во Законот за семејство: Децата мора да си го местат креветот и да мијат садови

 

Според измените на Законот за семејство во Хрватска кој стапува на сила на 1 септември, дечињата ќе мора да ги почитуваат своите родители и да им помагаат во домашните работи. Во согласност со нивната возраст, децата се должи убаво да се однесуваат кон сите членови во семејството и да извршуваат домашни обврски.

Со законот, децата се должни да ги раскреваат своите играчки, да го наместат креветот, да ја кренат чинијата кога ќе завршат со јадењето или кога ќе пораснат да фрлат ѓубре, да ги стават садовите во машина за миење, да собираат прав.

Децата се должни и убаво да се однесуваат со членовите на семејството.

25.07.2014 - 11:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега