Што барал убиецот на Тијана пред да го изврши грозоморното убиство?
Убиецот на Тијана во пресрет на злосторството ја барал посмртницата на неговиот татко.
Драган Ѓуриќ, кој е во полициски притвор, вечерта пред страшното злосторство ја барал посмртницата од неговиот татко, пишува српски „Новости“.
-Го сретнав тој ден, 25 јули околу 9:30 часот. Изгледаше потполно нормално и прашуваше за мојот син Горан со кој се дружеше во детството. Рече дека поради наследство дошол да извади посмртница од неговиот татко Јове, но не успеал тоа да го направи бидејќи било викенд. Одби и кафе и пиво, му понудив и да преноќи кај нас, но и тоа го одби, раскажува Зоран Марковиќ, поранeшен сосед на убиецот.
Тој додава дека во комункацијата бил коректен но многу често пред неговата куќа забележувувале полиција. - Знаеме дека бил заминат за учи некој занает во Сомбор, но не сум сигурна дека го завршил. Не сакаше многу да работи, постојано го менуваше работното место и мислам дека едно време работел и во Суботица, додала Вукица Маријановиќ која живее во близина на неговата куќа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа