Три лица загинаа во поплавите во Бугарија, нема информација за македонски туристи

 

Во поплавите кои ја зафатија Бугарија загинаа три лица.  Две жени загинале додека возеле по патот Созопол Бургас и во нив удрил голем бран. Од водата не можел да се спаси и загина и овчар.

Десетици се евакуирани, а во 70 населени места се одвиваат акции за спасување во кои учествуваат и хеликоптери од министерството за одбрана.

Поплавени се и туристичките центри Приморско, Китен и Созопол, но засега нема информации дали во моментот таму престојуваат туристи од Македонија.

Најпогодени се Бургас, Стара Загора и Хасково.

Утрешниот ден  е прогласен за ден на жалост во Бургас.

07.09.2014 - 13:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега