Почина навивач во Грција - прекинати сите натпревари
Во текот на вчерашниот ден почина Костас Кацулис кој пред 15 дена беше претепан на Крит за време на одигрувањето на натпревар во рамките на третата фудбалска лига.
- Владата објавува војна против хулиганите, изјави тамошниот министер за спорт Јанис Адријанос и додаде дека следуваат мерки и ригорозни санкции за следните испади на спортските терени.
Адријанос верува дека државата може спортските арени да ги направи безбедни места за посетителите.
- Грција е одлучна во намерата еднаш засекогаш да расчисти со хулиганите и да ги направи стадионите безбедни и за оние кои доаѓаат да гледаат спорт. Криминалците, психопатите и хулиганите ќе бидат поставени на местото на кое припаѓаат и нема веќе да се толерира нивното дивеење на стадионите, потенцира грчкиот министер за спорт.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа