„Гледав како ми го убиваат детето а судијата ги ослободи" - потресна исповед
Драган пред очите ја убиваше мојата ќерка Славица, а ми се закануваше и мене дека ќе ме убие. Скокнав за да си го спасам детето, а тој потоа се повреди и себе со ножот. Судијата не сакаше да одреди притвор, а тој ја колеше мојата ќерка. Вака со солзи во очите и изреволтиран од настаните, таткото на Славица која преживеа хорор, Драгомир Продановиќ, ја раскажува голготата низ која помнале со семејството за српскиот Курир.
- Ми кажа дека има проблеми со Драган, но кога стигнавме ништо не укажуваше на тоа дека тој ќе направи нешто вакво. Славица отиде да ги спакува работите, а додека се спремаше слушнав како вреска за помош. Ја искршив вратата и затекнав хорор. Ми викна губи се ќе те заколам и тебе. Не знам од каде ми дојде толкава сила, но му рипнав и му го зедов ножот од рацете, раскажува очајниот татко за српскиот Курир.
Од друга страна, мајката на Драган е изненадена од она што се случило и не знаела дека двајцата се расправаат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа