Суспендирани петмина полицајци поради претепувањето на братот на српскиот премиер
Во нишкиот одред на Жандармеријата суспендирани се пет припадници кои учествувале во интервенцијата во која беше претепан Андреј Вучиќ брат на српскиот премиер, објавија белградски медиуми.
Информацијата за Данас ја потврди Миленко Божовиќ, командант на жандармеријата кој додаде дека во тек е истрага.
Освен МВР на Србија за тој случај води и воената полиција и Воено-безбедносната агенција. Министерот за внатрешни работи Небијша Стефановиќ изјави вчера дека истрагата за претепувањето на братот на премиерот Александар Вучиќ наскоро ќе биде завршена и оти јавноста ќе биде запозната со деталите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа