Грците во долгови до гуша - еве колку пари должат за електрична енергија
До крајот на јули неплатените сметки за електрична енергија на Грците кон Националната електрична компанија (ДЕИ) изнесувале повеќе од една милијарда и 700 милиони евра, објави електронското издание на грчкиот весник „Етнос“.
ДЕИ парите за неплатена електрична енергија ќе ги бара по судски пат.
Цената на електричната енергија се зголеми годинава со новата такса за струја, која е различна во зависност од потрошената електрична енергија.
најмногу, 950 милиони евра должат домаќинствата, а потоа следат потрошувачите на високволтна енергија, а 180 милиони евра неплатени сметки има државниот сектор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа