Еве што работи менаџерката на Тоше Проески по неговата смрт
Лилјана Петровиќ менаџерката на нашата најголема ѕвезда Тоше Проески ја подигна најголемата плантажа со лаванда во Србија. На повеќе од триесет хектари се засадени 600.000 растенија од оригинална француска лаванда “вера”, кој се користи како основа на сите парфеми и лекови. Експертите велат дека тоа е најголемата плантажа во Србија, една од трите најголеми во Европа, и меѓу најголемите плантажи во светот.
- Не се жалам но единствено што не очекував е толку скапа инвестиција која бара многу работа. Инвестирав сопствени пари и позјмував од пријатели и роднини бидејќи не можев да добијам кредит – вели Петровиќ.
Да си оди од забавната индустрија одлучила после смртта на Тоше Проески. Иако имала многу понуди да биде менаџер на пејачи од Балканот и европските земји, таа одлучила да го напушти шоу бизнисот.
- По несреќата размислував да работам нешто помирно и да не биде поврзано со медиуми бидејќи повеќе не сакав да бидам медиумска личност. Се определив за лековитите билки поради земјата која ја имав наследено од мојот дедо – вели Лилјана.
Извор: Денешен
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа