Го удрил со својот автомобил па го убил

 

Четириесет и четири годишниот Срџан А. со пиштол го убил Љубиша Н. (53) денеска околу 11:30, после мала сообраќајна несреќа во село Ранутовац кај Врање, Србија.

Српски Курир дознава дека сударот, а потоа и убиството се случиле на патот Владичин Хан-Врање, кога возачот на Рено Клио Љубиша Н. удрил во Фијат Уно во кој бил Срџан А. со својата фамилија.

По сударот избила расправија меѓу двајцата возачи. Во еден момент Срџан извадил пиштол и пукал во градите на Љубиша. Куршумот поминал низ срцето на Љубиша.

Срџан по злосторството го фрлил пиштолот кој легално го поседува и останал покрај неговото возило во кое цело време биле неговата жена и деца.

Возачот Љубиша бил мртов на лице место, а полицијата го привела Срџан.

Увидот е во тек.

01.10.2014 - 13:57

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега