БиХ почна да ја превзема контролата врз својот воздушен простор

 

БиХ од денеска и официјално почна да ја презема контролата врз својот воздушен простор, но само на пониските височини, до 10.000 метри, соопштија официјални претставнииц на БиХ. 

- Обласните контроли на летање во Загреб и Белград и натаму ќе ја вршат контролата на небото во горниот слој, над 10.000 метри. Тоа ќе трае до 1 октомври 2015 година, односно до 13 ноември 2015 година, по што може да се смета дека Босна и Херцеговина ќе го контролира своето небо во полн капацитет, изјави министерот за сообраќај и комуникации на БиХ Дамир Хаџиќ.

Властите во Босна и Херцеговина од 13 ноември, кога почнува есенското сметање на СЛОТ-овите (прелетите), односно кога се утврдува кога и како летаат авионите, ќе врши контрола на небото во долниот и среден слој до 10.000 метри, за агенцијата Анадолија потврди Хаџиќ.

Ова е историски настан за Босна и Херцеговина, бидејќи од прогласувањето на независноста во 1992 година, оваа земја првпат ја презема контролата врз своето небо. Досега оваа работа ја изведуваа контролите на летење од Загреб и Белград. Исто така, со преземањето на контролата враз сопственото небо државата ќе остварува значајни приходи од оваа дејност.

-Активностите ги почнавме пред десетина дена, а официјално можеме да кажеме дека од 1 октомври вршиме контрола над небото на БиХ. Мораме да почекаме до 13 ноември бидејќи СЛОТ-овите се утврдуваат на секои шест месеци, кога во авиосообраќајот почнува есенското сметање на времето. До тогаш ќе бидеме подготвени да ги исполниме сите претходни операции во согласност со стандардите на ЕУРОКОНТРОЛ, наведе министерот Хаџиќ.

01.10.2014 - 15:57

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега