Бугарија: Експлозија во фабрика, најмалку 15 загинати

 

При експлозија во фабрика во бугарското село Горни Лом загинаа 15 луѓе, а тројца се повредени.

Експлозијата се случи доцна синоќа. Полицијата соопшти дека по големата експлозија, неколку часа се слушнале серија помали експлозии.

Шефот на цивилната одбрана Николај Николов изјави дека спасувачките тимови ќе можат да извршат инспекција на местото на несреќата дури 24 часа по експлозијата, кога ќе се знае точниот број на загинати.

Се уште е непозната причината за експлозијата во приватната фабрика во селото Горни Лом, околу 120 километри северно од Софија.

02.10.2014 - 10:02

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега