Меѓународните кредитори бараат намалување на платите и кратење на администрацијата во Грција
Претставниците на тројката меѓународни кредитори на Грција (Европска унија, Европска централна банка, Меѓународен монетарен фонд) побараа ново намалување на платите на државните службеници, објави грчкиот весник „Имерсија“.
Тројката исто така побарала список со 5.500 вработени во државната администрација, кои треба да добијат отказ.
- Се уште не е познато дали грчката страна се обврза на исполнување на барањата на кредиторите, посочува „Имерсија“.
Грчката Влада е против намалување на платите и веројатно ќе бара начини за пролонгирање на рокот за решавање на тоа прашање.
02.10.2014 - 12:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа