Пред грчката берза пронајден пакет со динамит
Пакет со динамит и кабли денеска бил откриен пред влезот на зградата на грчката берза, по што безбедно бил деактивиран од специјални единици за демонтирање на бомби.
Полицијата соопшти дека на направата и недостасувал механизам за активирање, така што таа не можела да експлодира сама.
Официјален претставник на берзата изјавил дека пакетот кој бил откриен утрово не влијаел врз работата на институцијата.
Силите за борба против тероризам го испитуваат случајот.
При експлозија на автомобил-бомба пред грчката берза во 2009 година, полесно беше повредено едно лице и беше причинета материјална штета на зградата. За овој напад одговорност презеде една анархистичка група.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа