Италијански мафијашки бос уапсен на Малта
Шефот на сицилијанската мафија Себастијано Бруно денеска е уапсен на Малта, јави ДПА, повикувајќи се локални полициски извори.
Педесет и шестгодишниот Бруно од властите се крие уште од 2009 година, кога е осуден на доживотен затвор.
Тој бил приведен во кооринирана операција на полициите од сицилискиот град Катанија и од Малта, врз основа на потерница издадена од Интерпол.
Бруно бил еден од лидерите на мафијата за време на крвавата војна за територии во 90-те години.
03.10.2014 - 09:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа