Секс скандал во полицијата- Шефот принудувал колешка на секс за подобро работно место
49- годишниот Сенад Костиќ поради сексуално вознемирување на својата колешка од полициската станица во 2012 година бил казнет но само со намалување на платата, иако требал да биде сменет од служба
Сенад Костиќ имено е првиот човек на Нишката полиција, и по овој секс скандал тој продолжил да испраќа СМС пораки на полицајката Татјана Момчиловиќ(34) барајќи од неа интимни односи а за возврат би и помогнал во унапредување, односно Тијана би добила подобро работно место и повисока плата. Тој дури и напишал предлог за нејзино преместување, меѓутоа полицајката не можела да го издржи ова малтретирање и го пријавила случајот, но Сенад пред полицијата не сакал да говори за тоа и не дал никаква изјава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа