Малолетни девојчиња го продаваат своето тело за бурек и јогурт

 

Во Нови Сад девојчиња од 12 и 13 години се почесто се занимаваат со проституција, некои од нив оралниот секс го наплатуваат со појадок, поточно бараат од „клиентите“ да им купат бурек и јогурт, а за сексуални услуги бараат 500 динари (околу 4 евра) пушуваат српските медиуми.

Полицијата во Нови Сад вели дека се немоќни, бидејќи дури и кога ќе ги приведат најмладите проститутки, немаат законска основа да ги задржат.

„Тоа се практично деца од 12 или 13 години, кои би требало да одат на училиште.

Тие немаат макроа и работат самите за себе.

Поради тоа често пати им се случуваа клиентот да не им плати, па дури и да ги претепа. За сексуални услуги во просек бараат 500 динари“, вели соговорникот на „Независне новине“, кој работи во полиција.

Според неговите зборови, полицијата се сретнува со драстични примери – малолетни проститутки буквално нудат орален секс за појадок

03.10.2014 - 13:28

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега