Наставничка им праќала свои разголени фотографии на учениците

 

45-годишна наставничка на своите ученици им праќала еротски фотографии.

Л.Д. (45) која предава техничко образование во основното училиште “Драган Лукиќ“ на Бежанијска коса во Белград, им ипраѓала еротски фотографии на своите ученици тврди нејзина колешка.

Пријавата стигнала и до градската инспекција од Секретаријатот за образование и детска заштита и извршила вонреден надзор во училиштето.

Таа е разоткриена кога некој на нејзиниот Фејсбук профил објавил преписка меѓу неа и нејзиното момче. Напишала: “Ова мало гомно сигурно оние слики ќе ги проследи понатаму.“

Перверзната наставничка предавала и во уште едно основно училиште на Бежаниска коса, од каде изјавија дека се срамат што таква личност се занимава со педагошка работа.

Наставничката тврдела дека таа не им ги испраќала на учениците, туку на некој друг човек кој нема врска со училиштето.

Таа важела за амбициозна и добра наставничка, разведена, самохрана мајка на две деца.

 

Од полицијата потврдиле дека немаат пријава против наставничката и дека всушност таа поднела пријава против непознат сторител заради хакирање на нејзиниот профил и објавување на нејзини фотографии како и преписки со партнерот.

05.10.2014 - 11:08

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега