Косовскиот министер за здравство уапсен поради злоупотреба на службената должност
Косовската полиција денеска го приведе министерот за здравство Ферид Агани под сомнение за злоупотреба на службената положба, објави приштинскиот весник „Експрес“.
Полицијата го уапсила министерот во неговиот кабинет.
Тој и уште девет лекари и службеници во Министерството се осомничени за злоупотреба на службената положба во врска со здравствена опрема, посебно стентови, кои се користат кај пациентите болни од срце, изјави претставник на полицијата.
Косовските медиуми јавуваат дека поради неквалитетните стентови со истечен рок кои биле поставувани кај пациенти наместо нови и исправни, како и поради некомпенетноста на лекарите, била причинета смртта на над сто лица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа