Почина познат хрватски актер
Познатиот хрватски актер Борис Бузанчиќ почина вчера во Загреб на 85-годишна возраст, јавија хрватските медиуми.
Тој е познат по околу 500 театарски претстави, 12 телевизиски и 70 филмски улоги, вклучувајќи ги и ролјите во „Вело Мисто“, „Ветена земја“, „Операција Барбароса“, „Големи и мали“, „Маратонци“, „Бела Биондина“, „Маршалот“, „Офицер со роза“...
Бузанчиќ беше активен се до неговото заболување и играше во претставата „Мојот мај агол во светот“ во театарот „Гавела“.
Тој во август имал мозочен удар, по што му била парализирана левата страна.
Бузанчиќ е роден на 13 март 1929 година во Бјеловар, а со глумење започнал да се занимава во младите години.
Интересно е дека во филмот „Вело Мисто“ толкуваше улога на градоначалник, а потоа во 1990 година стане „прв човек“ на Загреб.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа