Брачен пар од Србија замина во џихад
Брачниот пар Горан и Мирјана Павловиќ од едно село во близина на Аранѓеловац во Србија веќе една година се наоѓаат во Сирија во редовите на џихадистите. Горан кој до сега неколку пати го менувал името сега се вика Абдулах Џебел, а неговата сопруга Мирјана се прекрсти во Меријем. Тој во Сирија заминал преку Косово , а веднаш по него преку Санџак заминала и Мирјана.
Семејството Павловиќ војуваат во редовите на т.н. Исламска држава, открива српски Ало. Тие се единствени од Србија кои од православието преминаа во екстремен ислам, војувајќи во редовите на терористите.
На почетокот на деведесетите Горан бил вработен во војската на Србија, а во Сирија заминал во ноември минатата година. Бил вработен во Военотехничкиот институт до 1995 година , имал чин поручник , а потоа ја напуштил војската и почнал да работи како цариник. Пред да замине во џихад, работел како таксист во Белград.
Павловиќ во ислам преминал во 2002 година , преку пријател Белграѓанин со муслиманска вероисповед.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа