Падна првиот снег во Сараево и Бања Лука

 

Снежни врнежи во попладневните часови денеска ги изненадија жителите на Сарево и Бања Лука, иако првично снег беше најавен само во повисоките делови на Босна и Херцеговина. 

Метеоролозите за денеска првично најавија пад на температурите и врнежи, но не и снег во пониските делови на земјата.

Интензивни снежни врнежи се очекуваат кон крајот на денот на поголем дел на босанско-херцеговска територија, каде планините се веќе прекриени со снег, пренесуваат локалните медиуми.

22.10.2014 - 17:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега