Поројни дождови поплавија домови, улици и продавници во Атина
Поројни дождови предизвикаа поплави во многу делови во Атина, јавуваат грчки медиуми.
Во западниот дел од градот во реонот на Пиреја, Керацини и Драпецона голем број возачи останаа блокирани на улиците со своите автомобили поради поплавените улици. Поплавени се голем број продавници и домови.
Пожарникарската служба соопшти дека интервенираат речиси целиот ден со испумпување вода која на одделни места достигнала до еден метар височина. Според нив, поплавени се над 200 домови и канцеларии.
Бура со дождови и ниски температури се очекуваат во голем дел од државата во викендот. Во голем број реони во северна Грција се очекува и снег.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа