Валентина лежи цела покриена со бел чаршав, родителите очајни што состојбата не се менува
Единствената преживеана од кобната сообраќајна несреќа каде загинаа четворица, се уште се бори за живот.
Состојбата на Валентина Михајловиќ (20) не е променета, а нејзиното семејство бара да биде оставено на мира.
-Имајте разбирање, очајни сме. Ја видов Валентина како лежи со бел чаршав покриена до вратот, само повреденото лице може да и се види. Ни остана само да се молиме за неа, вели нејзиниот татко.
Во местото каде живее повредената е целосен молк. Сите ги тешат родителите и се молат за животот на Валентина.
За потсетување, таа беше во автомобилот во кој животот го загубија нејзините другари Даниел, Кристијан, Исадора и Сеад.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа