Си играл „руски рулет“ и се самоубил
Полицијата во Словенија не сакаше да ги прокоментира наводите на локалните медиуми кои пренесоа дека до трагедијата дошло откако во поголемо друштво кои пиеле алкохол, настраданиот ставил еден куршум во револверот, го завртел буренцето и го повлекол шкрапалото.
18-годишеното момче од Словенија кој бил гостин на свадба, се застрелал играјќи „руски рулет“, пренесуваат тамошните медиуми. Трагедијата се случила во раните утрински часови во неделата недалеку од Ново Место.
Телтото е предадено на обдукција.
29.10.2014 - 14:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа