Грабежот на банката тргнал лошо: Го уапсил случаен минувач
Неуспешен обид за грабеж во банка јавуваат медиумите во Босна и Херцеговина. Според информациите кои ги јави Дневни Аваз, денеска околу 10:40во центарот на Сараево 21 годишно лице влегло во филијалата на „Интеза Санпаоло“ и и се заканило на вработената со електрошок. Тогаш лицето кое работело како обезбедување во банката, се обидело да го спречи напаѓчот кој се дал во бегство. Но пред вратата го пречекал граѓанин кој случајно се нашол на местото на настанот и веднаш го совладал.
Била повикана полиција по што разбојникот е одведен во полициска станица.
Босанските медиуми пишуваат, дека за да не биде забележителен и упадлив, разбојникот во банката влегол облечен во одело.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа