Дачиќ: ЕУ да обрне поголемо внимание на Западен Балкан
Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека од суштинско значење е ЕУ да обрне поголемо внимание на земјите од Западен Балкан, бидејќи европската перспектива е клучен фактор за унапредување на регионалната соработка и успехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Тој истакна дека успешноста на дијалогот меѓу Белград и Приштина покажала дека политиката на проширување и понатаму претставува силна мотивација за Западен Балкан и потврдила дека ЕУ е важен фактор во промовирање на мирот и стабилноста во регионот.
- Токму поради тоа од суштинска важност е ЕУ да го задржи вниманието на Западен Балкан. Длабоко сум уверен дека тоа е од заеднички интерес за сите нас. Очекуваме за време на мандатот на новата Европска комисија и новиот состав на Европарламентот темата за проширување на остане во фокусот на Унијата и нејзините земји-членки, истакна Дачиќ на Шестата конференција на шефовите на дипломатии од ЈИЕ, која се одржува во Берлин во организација на Институтот Аспен.
Тој додаде дека од ЕУ и нејзините институции не се бара „прогледување низ прсти во контекст на исполнувањето на критериумите за членство“.
Според него, за овој регион е исклучително важна поддршката од ЕУ во изградба на инфраструктурни проекти, со цел поврзување на регионот во областа на транспортот и енергетиката, што ќе придонесе за поголема активност на земјите за инвестирање
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа