Српската Влада подготвена да даде гаранции за времено ослободување на Шешељ

 

Српската Влада е подготвена да даде гаранции за времено ослободување на лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ, обвинет за воени злосторства од Хашкиот трибунал, ако тој се ангажира да ги почитува условите на трибуналот, изјави вицепремиерот и претседател на Националниот совет за соработка со Хашкиот трибунал Расим Љајиќ.

Љајиќ истакна дека српската Влада е „растревожена од најновиот развој на здравствената состојба на Шешељ“.

Лекарите соопштија дека по дијагностицираниот рак на дебелото црево се утврдени и метастази во црниот дроб на Шешељ и е неопходно тој неодложно да излезе од затвор, за да биде лекуван.

Српската Влада изрази подготвеност и во јули да даде гаранции за Шешељ, но обвинетиот ги одби тие гаранции и изјави дека нема да почитува ниту еден од условите на Трибуналот. 

Конзилиум од српски лекари го посети овие денови Шешељ во Хаг и препорача тој да биде префрлен на лекување во Србија. 

Шешељ доброволно се предаде на Трибуналот на 23 февруари 2003 година. Оттогаш тој е во затворот во Хаг, а процесот против него почнат во 2007, се уште не е завршен.

05.11.2014 - 18:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега