Во Србија истрага за обидите за прислушување на Вучиќ

 

Српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ изјави дека Воено-безбедносната агенција (ВБА) спроведува истрага за обидите за прислушување на премиерот Александар Вучиќ за време на состанокот на Трилатералната комисија во хотелот „Краун плаза“ во саботата.

- ВБА по службена должност покрена истрага. Ќе утврдиме кој се обидел тајно да го снима и прислушува Вучиќ во салонот, каде требаше да има состаноци со државници и бизнисмени. Доказите ќе му ги предадеме на надлежното обвинителство, истакна Гашиќ. 

Во истрагата е вклучено и Обвинителството.

Весникот „Вечерње новости“ наведува дека припадниците на Контрадиверзискиот тим на Министерството за одбрана откриле скриена камера и микрофон во салонот „Адриатико“, во кој Вучиќ имал повеќе средби по состанокот на Трилатералната комисија.

06.11.2014 - 09:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега