Уставниот суд на Албанија не го собори законот за територијална поделба

 

 

Уставниот суд во Тирана  не го прифарти барањето на најголемата опозициона партија во Албанија - Демократската со кое се бараше соборување на новиот закон за територијална поделба на Албанија.

Судот оцени дека законот во ниту еден сегмент не е против албанскиот Устав. По одлуката на уставниот суд опозицијата оцени дека судот работи под директива на власта и притоа најави можност да поведе референдум за законот со кој Албанија има 61 локални единици. 

Претходно опозицијата во земјата најави и можност ако законот не биде соборен од страна на уставниот суд  да се бојкотираат и локалните избори кои треба да се одржат во текот на наредната година.

 

 

Оцени ја веста

10.12.2014 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега