Го признал бруталното убиство на 18-годишното девојче: „Бев заљубен во неа“
Полицијата во Зајечар откри морничави детали околу убиството на 18-годишната девојка. 48-часовен притвор му е одреден на 66-годишниот Чедомир Ѓуриќ од селото Салаш, кој е осомничен дека ја убил 18-годишната Драгана Цириќ , која изчезна пред три дена.
Телото на девојката беше пронајдено вчеравечер во атарот на селото, по што полицијата сослуша ннеколку осомничени и утврди дека убиецот е 66-годишниот Чедомир, јавува српски Блиц.
Според нофицијални информации на Блиц, осомничениот го признал убиството. Тој пред полицијата изјавил дека бил патолошки заљубен во Драгана, но дека никогаш не ја ни бакнал.
Тој најверојатно од Зајечар до Салаш девојката ја однел со својот автомобил, каде биле пронајдени и делови од косата на девојчето. Според неофицијалните информации тие се расправале во автомобилот, а Ѓуриќ пред полицијата рекол дека бил љубоморен затоа што девојката имала друго момче.
Како што пренесува српски Блиц старецот ја задавил Драгана, по што го исфрлил телото во реката.
Телото на девојката е дадено на обдукцијата, а истрагата се уште е во тек.
Изчезнувањето на Драгана го пријавил нејзиниот очув Драгиша Цириќ на 8.декември годинава.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа