ФОТО + ВИДЕО: Ова е српскиот монструм кој брутално ја уби 18- годишната девојка
Ново брутално убиство ги потресе жителите на нашиот северен сосед, а веста за монструозното убиство се прошири и во регионот.
Имено, полицијата во српскиот град Заечар открила морничави детали од убиството кое што ја потресе Србија, но и регионот.
Станува збор за млада девојка која што пред неколку дена била пријавена како исчезната, а сега било пронајдено нејзиното мртво тело.
48-часовен притвор му е одреден на 66-годишниот Чедомир Ѓуриќ од селото Салаш, кој е осомничен дека ја убил 18-годишната Драгана Цириќ , која изчезна пред три дена.
Српските медиуми пренеле дека додека Ѓуриќ ја превезувал Драгана, избила расправија во автомобилот, поради што во момент на нервоза, Чедомир ја задавил. Во рамките на сослушувањето тој изјавил дека бил и љубоморен што Драгана се гледала со други момчиња, поради што сакала и да го остави.
Српските медиуми неодамна направија прилог за овој човек, на тема „Процветаа јорговани“.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа