Ќерка на пратеничка пронајдена мртва во хотелска соба
Ќерка на српска пратеничка вчера била пронајдена мртва во хотелска соба во Србија. Се работи за 31-годишната Ивана Бакиќ Бодрожиќ која е ќерка на пратеничката Нада Бодрожиќ, пратеник во покраинскиот парламент, позната по тоа што од Нова Србја која била на листата на Српската напредна странка преминала во Демократската странка и според тврдењата на поранешните колеги, така му овозможила опстанок на власт на Бојан Пајтич.
Девојката била пронајдена рано наутро во една од собите во елитниот хотел „Хајат“ на Нов Белград, а се претпоставува дека починала од предозирање со дрога.
Докторите кога стигнале на местото на настанот не можеле да направат ништо освен да ја констатираат смртта.
Обдукцијата ќе даде подетални резултати.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа