Премиерот не може ноќе да спие: Како можев да бидам толку глуп
Премиерот на Србија Александар Вучиќ смета дека најголема стратешка грешка за која не може да си прости е што не Србија не ги дала патиштата под концесија како Хрватска.
– Би се распнал себе си за тоа што згрешив, не пресметав и што бев глуп тоа да не го сторам. Хрватите влегоа во концесија за своите патишта, ќе земат за тоа две милијарди и одржувањето на патиштата ќе им биде подобро од денес, вели Вучиќ.
Тој рече дека згрешил што на Хрватска и дал предност по тоа прашање. – Таму влезе Голдман Сакс и тоа е стратешка грешка која не можам да си ја простам. Со ноќи не можев да спијам заради тоа. Прашан дали се за ова виновни министрите, тој оцени дека одговорноста е негова.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа