Се подготвува реконструкција на владата
Владата се подготвува да го облече новото барконо руво. Реконструкцијата на фасадата, која граѓаните ќе ги чини околу 9,2 милиони евра треба да почне да се изведува деновиве, откако денеска просорот беше заграден со огради.
Од службата за општи и заеднички работи на Владата за Вест велат дека ќе се реконструира само фасадата а самата зграда воопшто нема да се доградува и порширува.
Конкурсот за избор на идејно решение кој Владата го распиша лани, со гласање на граѓаните го добија Жарко Чаушевски и Филп Богатинов а градежните работи ќе ги изведува фирмата Бауер