Владејачката партија на Орбан со поддршка за ВМРО-ДПМНЕ

 

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ денес предводена од претседателот на Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ Спиро Ристовски и членовите на Извршниот комитет Никола Попоски, и Александар Николоски оствари средба со висока делегација на владејачката унгарска партија ФИДЕС составена од Гергеј Гулијаш потпретседател на ФИДЕС, Жолт Немет потпретседател на пратеничката група на ФИДЕС, Габер Кубатов национален директор на ФИДЕС, Габор Добош секретар за меѓународна соработка на Фидес, Андраш Ласлов, Адам Хернади, Жолт Домне членови на раководството на Фидес,Петра Гилиќ и Силвестер Тарваш политички советници на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ за средбата се наведува дека на истата се разговарало за развивање на меѓусебната соработка, за актуелната политичка состојба и стратешките интереси на државата.

-Од страна на раководството на Фидес беше дадена безрезервна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и посакан успех на престојните локални избори. Истакнаа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја има поддршката на ФИДЕС и во рамките на семејството на Европската народна партија, а ВМРО-ДПМНЕ е партија која ги застапува европските интереси во државата. Посочија дека Македонија и Унгарија споделуваат слични предизвици, како што е проблемот со мигранти за што Македонија имаше активна улога во справувањето со овој предизвик особено кога државата беше предводена од владата на ВМРО-ДПМНЕ. Тие посочија дека потребно е враќање на државата на патеките на напредокот и успехот, а ВМРО-ДПМНЕ има визија и план тоа да го направи., се наведува во соопштението.

Соговорниците се сложиле за дополнително интензивирање на соработката во полињата од взаемен интерес.

 

 

 

25.09.2017 - 20:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега