Во тек е нова полициска акција: Се апсат криминалци во повеќе градови низ Македонија
/
Во последните два часа, Министерството за внатрешни работи започна координирана акција насочена кон пресметка со насилни криминални групи, која се одвива во неколку делови на Скопје и други градови низ Македонија.
Според информациите, зголемено присуство на полициски сили е забележано во скопските општини Чаир и Арачиново, каде што жителите сведочат за активни интервенции. Акцијата, според најавите, нема да се ограничи само на главниот град, туку ќе продолжи и на други локации низ државата.
Засега нема повеќе информации за оваа акција, но може да се очекуваат во текот на утрешниот ден.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа