Груевски: Од пусти гнев и инает да запрат сè што ВМРО започнало, ја запреа економијата и немаат никаков план како да продолжат
Ветуваа дека економијата ќе расте, а прометот во индустријата падна за 9 проценти, извозот падна за 12 проценти, девизните резерви се намалија за над 170 милиони долари, а еве и гувернерот објави дека годинава наместо планираниот раст на економијата, ќе имаме намалување на економијата и рецесија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митингот во Охрид.
-Откако стапнаа во владата нов странски инветитор не стапна во земјата, а од домашните инвеститори само еден покажа дека произвел нов автобус, за подоцна цела јавност да види дека и тоа било голема измама и дека таа фабрика одамна не работи, дека нема работници,нема вработени, и дека автобусот без тронка срам го донеле за овој кој ќе ни носеше живот да влезе во него со новинарите и да покаже дека животот доаѓа. Брука и срамота. Но и жалосно истовремено. Нека отидат во Ван хол да видат што е фабрика за автобуси донесена од ВМРО –ДПМНЕ. Нека отидат и во штипска Актива која се изггради од домашен инвеститор за да биде партнер и да изработува делови за Ван Хол. Нека дојдат во ОДВ Електрик во Охрид, и во Костал во Охрид, да видат што значи да ветиш, да работиш и да исполниш ветување, рече Груевски.
Груевски потсети како во најголемиот ек на политичката криза, кои патем кажано тие ни ја наметнаа, рече Груевски, економијата растеше, инвеститори доаѓаа и отвораа нови работни места.
-Се отвораа фабрики, се градеше, се создаваше, се решаваа проблемите на граѓаните. Целиот овој пад на економијата почнува токму откако се формираше новата влада. И тоа воопшто не е изненадување. Како може да непаѓа економијата кога јавно објавија дека ќе ги зголемат даноците и придонесите, давачките кон државата и на работниците и на фирмите. Како може да непаѓа економијата кога цело лето ги оставија земјоделците сами на себе, кои незнаеја дали поправо да се справуваат и што да прават со своите производи кои скапуваа, или да се борат со пожарите да не ги изгорат додека владата цело лето бареше што ручал некој поранешен министер, во кој хотел престоувал кога бил на службен пат и додека незаконски ги разрешуваа поранешните директори за да донесат тешки аматери, некомпетентни кадри, партиски послушници и луѓе кои се истакнале во боењето на државните објекти, рече Груевски.
Груевски праша како може да непаѓа економијата кога ги запреа без малку сите градежни проекти во државата, трите автопати, клиничкиот центар во Скопје, се пренаменија и парите предвидени за театарот во Охрид, училишта, градиники и останато.
-Од пусти гнев и инает, да запрат се што ВМРО започнало, ја запреа економијата и немаат никаков план како да продолжат. Како може да непаѓа економијата кога сите компании видоа дека дојде рекетарска екипа на власт, и кон странските инвеститори кои отвораат нови работни места се однесуваат како кон непожелни натрапници. Од овие причини,зборуваа а не првавеа реформи, додека тие ја лажеа јавноста дека имале средба и разговори со претседателот Трамп, а целата јавност виде само попатно ракување, додека се мачеа како да се спречат рефередумите за спречување на населување на мигранти низ општините, бидејки дале такво ветување кон надвор, додека прифаќаа штетни меѓудржавни договори со кои се откажаа и од јазикот и од историјата и од македонскотото малцинство во Бугарија, додека ни правеа организирани хајки и политички прогони и мислеа дека со тоа ќе не уништат и деградираат. Додека ги правеа сите овие работри, ние тоа време го искористивме за други цели, рече Груевски.
Тој рече дека направиле анализи за тоа каде биле нивните слабости и пропусти и да ги корегираат, да направат кадровско освежување во раководството, да ја зацврстат партијата како народна и конзервативна партија, и како граѓанска десница.
-Да подготвиме детални и одлично обмислени програми за секоја општина за кои консултиравме многу луѓе и експерти, но и имајки во обзир дека владата е тотално дезориентирана и фокусирана на тоа како да го смени името, бидејќи е свесна дека за тоа е донесена на власт, додека тие ја тонеа економијата, ние седнавме и направивме нов документ со кој што после се што се случи нудиме една нова визија, нова ера на Македонија, нова ера за напредок и успеси на Македонија во наредната декада, рече Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа