Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка од СДСМ ја претстави програмата

 

- Нашата понуда е чесна и домаќинска, понуда која ќе обезбеди просперитет и развој на нашата општина. Во овие дваесет денови заедно со кандидатите за советници ќе допреме лично до секој граѓанин и ќе го презентираме нашиот план за живот во Крива Паланка за сите. План во кој искрено веруваме и ја ќе бараме вашата поддршка, изјави Борјанчо Мицевски, кандидат за градоначалник на Крива Паланка од Коалицијата предводена од СДСМ, презентирајќи ја програмата.

Дел од приоритетните проекти кои ги наведе се гасификација на Крива Паланка, задржување на младите да работат и живеат во градот, покрај своите семејства, решавање на проблемот со паркинг простор, нов, модерен и европски лик на стариот градски плоштад, изградба на патишта, водоводи, улици и канализации...

- Се обврзуваме да обезбедиме повеќе пари за општините, а со тоа и повеќе можности и повеќе пари за секој граѓанин на локално ниво. Вложуваме во младите, отвораме центри за отпочнување и развој на бизниси за нови и подобро платени работни места. Ќе обезбедиме поддршка и помош за најзагрозените семејства и за лицата со посебни потреби, а за дечињата и учениците пријатни детски градинки и чисти и топли училишта, додаде Мицевски.

Рече, за нив е важен секој граѓанин на локално ниво. 

 

 

 

25.09.2017 - 20:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега