Груевски: Имаме план кој предвидува реален и крупен напредок на Македонија

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на првиот митинг од кампањата за локалните избори се обрати пред насобраните граѓани на плоштадот во Охрид. Тој напомена дека додека СДСМ мислеа што да срушат тие што изградиле, ВМРО-ДПМНЕ мисли што да изгради и создаде, како повторно да ја придвижи Македонија, откако оваа  помрачина според Груевски што ја снајде, ќе биде тргната од нашата земја, а тоа ќе биде брзо.

-Додека тие се оптоварени да ја срушат оградата на владата, да срушат некој споменик на некој револуционер, да пуштат некому обвинение или да уапсат некого за да не престават за нечесни, додека тие тонат во соптвениот гнев и во сопствената безидејност, ние направивме план за нова десетолетка, план кој е прецизно подготвен, план кој го образложивме на јавноста во детали во на големиот собир во петокот во Скопје, и план кој предвидува реален и крупен напредок на Македонија. Визија за иднината, иднина во која Макеоднија ја гледаме како членка на ЕУ и на НАТО, и во стратешко партнерство со Америка, план со кој се предвидува отворање на нови 150 илјади работни места во Македонија и намалување на невработеноста на под 10 проценти, изјави Груевски пред охриѓани.

Груевски порача дека ако во минатото успеале да отворат нови 173 илјади работни места за 11 години , со сите економски и политички кризи во нив, тој кажа дека треба граѓаните да бидат убедени дека со ова искуство и знаење зад нив, со тим како што само ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата можат да направат, ќе бидат отворени најмалку 150 илјади нови работни места во следните 10 години.

-Можеби и повеќе, но ние секогаш одиме со поскромни ветувања. Македонија која ја наследивме со речиси 39 осто невработеност и ја доведовме на 22,6 осто невработеност, ќе стане земја со 9, 8 или 7 осто невработеност како многу развиени европски земји, во новата ера на ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата за подобра Македонија и Република Македонија. Ера во која невработеноста кај младите ќе се преполови. Ера во која сиромаштијата во Македонија ќе се намали за три четвртини. Ера во која растот на економијата во просек ќе е 4 осто од БДП или повеќе, изјави Греувски.

Тој кажа дека имаат визија и план со кој годишниот приход по глава на  жител кој го наследиле во 2006 година на 3300 долари по жител, а сега е околу 5 илјади долари, ќе порасне на над 12 илјади долари по глава на жител и Македонија ќе влезе во групата на земји кои се над 12.000 долари.

Ера во која Македонија ќе остане земја со најниски даноци во светот. Декада во која за образованието секоја година ќе се издвојува по најмалку 6 осто од БДП, во која Македонија ќе влезе во првата половина на земји на листата на Пиза, кога станува збор за мерење на квалитетот на основните и средни училишта, ера во која барем еден македонски универзитет ќе влезе во првите 200 во светот според рангирањето на Шангајската рејтинг листа, како најреферентно рангирање на универзитетите во светот. Ера во која преку изградба на нови енергетски капацитети, Македонија од нето увозник ќе се претвори во нето извозник на електрична енергија, ќе се претвори во нето извозник на електрична енергија. Ера во која ќе растат платите, пензиите, субвенците. Она што на народот реално му треба, а не демагогија, празни зборови, политички хајки и прогони на политичките опоненти, рушење на изграденото, и колапс на економијата, изјави Груевски.

Груевски порача дека доаѓа нова ера, ново утро за Македонија, нова ера за нови успеси. Тој порача дека доаѓа нова ера за подобар животен стандард, за посилна демократија.

Еднаш докажавме дека можеме, сега со искуствотото зад нас, со нови освежувања во тимот и нова енергија,  можеме и многу повеќе, изјави Груевски.

 

 

 

25.09.2017 - 21:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега