Ѓорѓиевски промовираше мерки за локален економски развој во кумановско
Технолошко-индустриска развојна зона во близина на локалитетот Аџитепе, поддршка за постоечките индустриски зони, како и формирање економски каталог се дел од мерките опфатени во програмата за локален економски развој кои ги промовираше кандидатот за градоначалник за Куманово, од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски денеска во кумановско Доброшане.
– Една од мерките што ја имаме во програмата за локален економски развој, покрај најавената ТИРЗ зона во локалитетот на Аџитепе е помагање на веќе постојните „диви“ индустриски зони со нивно инфраструктурно доуредување со сообраќајно-технички решенија, преку промоција со одредени табли за сите овие фирми со цел за нивна поуспешна работа, за нивна поголема промоција и зголемување на постојните капацитети и за намалување на невработеноста, изјави Ѓорѓиевски.
Тој најави подготовка на економски каталог, во кој ќе бидат опфатени сите компании во Куманово, со потенцирање на нивните капацитети, човечките и природните ресурси на градот Куманово, со што заинтересираните потенцијални странски инвеститори ќе имаат информации за економската состојба во градот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа