ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатот на СДСМ пијан направил тежок сообраќаен прекршок

 

Кандидатите за градоначалници на СДС се избирани по калапот на Зоран Заев. Без морал, со црни петна и афери зад себе, оценува Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Кандидатот за градоначалник на СДС за општина Аеродром, Златко Марин под дејство на алкохол направил тежок сообраќаен прекршок. Човекот кој претендира за прв човек на општината, направил сообраќајка под дејство на алкохол. Според извештаите на МВР пред неколку години со 1.17 промили алкохол во крвта, на булеварот „Илинден” со огромна брзина удрил во друго возило, и возачот во другото возило се здобил со тешки телесни повреди. Тешкиот сообраќаен прекршок бил констатиран од страна на полицијата и била пропишана парична казна, и доколку не ја платил истата тогаш требало да се изврши казна затвор. Да, почитувани граѓани, Златко Марин во алкохолизирана состојба во доцни вечерни часови направил сообраќајка и нанел последици по животот на друго лице. На ваков човек не би му дале ниту автомобил да управува не пак да води општина. Аеродром заслужува подобро. Аеродром заслужува човек кој е чесен и одговорен, работлив и од збор.  Поради тоа граѓаните на Аеродром на 15-ти октомври на локалните избори нема да дозволат ваков човек да биде градоначалник, вели тој.

 

 

 

27.09.2017 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега