Стојаноски: СДС ја става ДИК во функција на партијата

 

Скандалозно и спротивно на изборните правила и закони е присуството на претседателката Марија Петковска на Општинската изборна комисија на партиски конвенции на СДС. Скандалозно и целосно незаконски е претседателот на ОИК Кратово да стои во првите редови на партиска конвенција за промоција на кандидати за градоначалник и листа на советници во Кратово, истакна денеска Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека СДСМ ја става Државната изборна комисија во функција на партијата.

Посочи дека наместо да тера избори и да се грижи за нивната исправност и регуларност, претседателката на Општинската изборна комисија тера политика и седи на партиски конвенции на СДСМ.

-Дали ова значи дека ДИК под Чичаковски е во функција на СДС. Државната изборна комисија е независен орган кој треба да го регулира и организира изборниот процес. ДИК мора да вложува континуирани напори за да одржува репутација за независност, непристрасност, одговорност и професионалност во работењето. Ова е недозволиво и имплицира дека ДИК ќе работи и ќе делува во полза на СДС и Зоран Заев, нагласи Стојаноски.

ВМРО-ДПМНЕ апелира сите надлежни, вклучително и преставништвата на меѓународната заедница да го осудат овој недозволив чин, а ДИК да ја разреши Марија Петковска претседателката на ОИК Кратово.

-ВМРО-ДПМНЕ сериозно предупредува дека сите чинители во изборниот процес треба да се однесуваат исклучиво согласно законот, а не да бидат партиски марионети на партијата на власт. Секоја злоупотреба не смее да помине неказнета. За секое законско прекршување мора да има одговорност. ВМРО-ДПМНЕ ги уверува сите прекршители на законите, мотивирани или исилени од СДС И Зоран Заев дека ќе одговараат со враќање на правната држава и демократија, рече Стојаноски, додавајќи дека на локалните избори на 15 октомври, грѓааните ќе му кажат „НЕ“ на Зоран Заев и, како што вели, неговото расипничко и незаконско управување со државните институции.

 
 

 

 

27.09.2017 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега