Шилегов: Скопје ќе биде зелена престолнина до крајот на мандатот
До крајот на мандатот до 2021 година, Скопје ќе биде зелена престолнина, рече кандидатот за градоначалник за град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање што предвидува неговата програма за решавање на загадувањето.
Шилегов, за разлика од неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски, кој ветува огромни површини и од 100 илјади метри квадратни зеленило, не рече во колкав број ќе бидат зелените површини, но рече дека ќе ангажира стручен тим кој ќе работи на ова проблематика.
„100 илјади метри квадратни кажуваат за да делува нешто импозантно. Тоа е 10 пати помалку од она што Коце Трајановски го исече во негиот мандат. Ние планираме од овде да ја започнеме гасификацијата со што системски ќе го намалиме емитувањето на штетните гасови. Зеленилото е перманента работа, но ветувам дека со мојот тим ќе се вложиме за чиста околина“, рече Шилегов.
При посетата на Драчево, рече дека во програмата е предвиден и проект за изградба на пречистителни станици и колектори, како и расчистување на диви депонии како што е таа во областа кај Маркова река и чистење на каналите и речните корита.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа