Наташа Петровска: Ќе ги решиме сообраќајните проблеми во градот за сите
- Кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ и Коалицијата Наташа Петровска на средбите со битолчани во централното градско подрачје најави решавање на сообраќајните проблеми во тој дел на градот.
- Еден од најгорливите проблеми во општината Битола е загадувањето на воздухот, а загадувањето на воздухот е последица и на нерегулираниот градски и севкупен сообраќаен режим во општината. Како идна локална самоуправа предводена од СДСМ ќе преземеме низа мерки и активности односно целосна имплементација на еднонасочниот сообраќаен режим во централното градско подрачје согласно потребите на граѓаните на општина Битола, осовременување на јавниот патнички превоз со набавка на еколошки возила, воведување на нови сообраќајни линии од одредени делови на општината кои ги бараат граѓаните од населените места „Баир“, „Боримечка“, „Стрелиште“, брусничко-лавчанска населба и други населби, истакна кандидатот за градоначалник на Битола Наташа Петровска.
На средбата со битолчани, Петровска најави дека СДСМ и Коалицијата посебно внимание ќе посветат на младите и нивната едукација за еко активности за што во градскиот парк во Битола ќе биде отворено посебно еко-катче.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа