Јовановски: Саша Богдановиќ е познат по расипничко однесување, со пари на центарци плаќа фактури во кафеани

 

Саша Богдановиќ-Српче кандидатот на СДС во Центар е познат по неговото неодговорно и расипничко однесување. Доказ за тоа е овaa фактурa од 23.736 денари, сметка која ја има направено Паркинзи Центар за угостителски услуги, вели на денешната прес-конференција Коста Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Јовановски прашува што треба да изеде и испие Српче за да направи оволкава голема сметка. Додека некое четиричлено семејство врзува крај со крај со оваа сума на пари, Српче безмилосно ги троши парите на центарци.

 

-Наместо во кафеана Српче може да исплати речиси 2 плати на неговите вработени чија плата им изнесува нешто над 13 илјади и кои независно од временските услови дали било ладно или топло цело време се на улица и макотрпно си го вадат лебот. Ова дрско и безобразно трошење на парите на центарци мора да сопре. Граѓаните на Центар на ПОЦ му плаќаат од својот џеб за да добијат поквалитетна и подостапна услуга, а не ПОЦ да биде приватна фирма на одредени ликови, посочува Јовановски.

Тој додава дека ако Српче троши вака додека е директор на ПОЦ, може да замислите колку би трошел ако стане градоначалник на Центар.

-Центарци сакаат да знаат за што се трошат нивните пари. Центарци заслужуваат одговори на овие прашања. Сите заедно мора да ја запрема оваа појава и тоа ќе го направиме на 15-ти октомври, нагласува Јовановски.

 

 

 

27.09.2017 - 15:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега