Кепевски: Шилегов свесно ги лаже граѓаните
ВМРО-ДПМПНЕ го обвинија канидатот за градоначалник на СДСМ, Петре Шилегов ја лаже јавноста дека ќе се гради парк на место кое е заштитено бунарско подрачје. Ова е доказ дека проектите кој се нудат се од ракав извадени. На местото каде што Шилегов вчера снимаше спот, каде предвидува изградба на парк и рекреативни содржини се наоѓа бунарското заштитено подрачје Нерези, од кое скопјани во летниот период пијат вода.
Како што кажа Томи Кепевски од ВМРО-ДПМНЕ, согласно Решение донесено од град Скопје уште во 1999 година, бунарското подрачје Нерези-Лепенец е прогласено за заштитена зона.
-Местото каде што Шилегов го предвидува паркот се наоѓа во 1 заштитна зона од подрачјето и за него важи чл.7 од решението предвидена е забрана за движење на неовластени лица во подрачјето без посебно одобрение, забрането е садење на дрвја со длабоки корени, ѓубрење на садници и изградба на објекти кои не се во функција на експлоатација на бунарите. Првата заштитна зона заради вршење на контрола на движење,е физички оградена со заштитна жичана мрежа и обезбедувана со постојана чуварска служба 24/7, како и користење на други технички средства за обезбедување, изјави Кепевски.
Кепевски напомена дека пристап во I зона е дозволен само на лица кои се вработени ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и надлежни инспекциски лица. Пристап на други правни или физички лица е можен само со издадено потребно одобрение од страна на Директорот на претпријатието и за истите треба да се води евиденција која содржи лични податоци, временски период и причини за посетата.
-На такво подрачје да предвидиш било што, што не е во функција на бунарите за напојување на вода на Скопје преставува огромна лага. И најмали градежни активности можат значително да влијаат на квалитетот на водата. Шилегов свесно ги лаже граѓаните. Недозволиво и несериозно е да се ветуваат работи кои можат да влијаат штетно на здравјето, изјави Кепевски.
Како што кажа Кепевски, ова покажува со каква несериозност е правена програмата на СДС без соодветна анализа и студија, се нудат работи кои не се возможни и кои ја загрозуваат животната средина и здравјето на луѓето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа