Груевски: На 15 октомври да одбереме се она што ВМРО-ДПМНЕ го правеше во изминатиот период

 

На нашата татковина како никогаш до сега и се потребни докажани луѓе, исправени сме пред голема историска одлука за иднината на нашата земја, доведени се во прашање нашиот идентитет, култура, економија, јазик и држава, на 15 октомври гласајте за луѓе чии постигнати резултати сите ние ги знаеме и ги знаеме, гласајте за луѓе кои постојано работеле и ќе работат во иднина за наше заедничко подобро утре, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вечерва од митингот во Струга.

-Гласајте за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија за да продолжиме заеднички да ја градиме нашата заедничка иднина, без поделба, без омраза, со меѓусебна почит на сите граѓани. Да ги почитуваме правата на сите граѓани без разлика на верската, етничката и политичката ориентација и обединети да ги поминеме сите работи со кои се соочува нашата држава. Од сите нас зависи во каква Македонија ќе живеете, а нашата работа секогаш ќе биде посветена на вас и вашата иднина, со нас нема празни зборови, туку работа и исполнување на работата. Затоа на овие избори велиме, секогаш работа, секогаш Македонија, шансата за сето ова е 15 октомври со пенкалото во рака и главата горе да одбереме се она што правеше ВМРО-ДПМНЕ и за отворање на нови работни места, вели Груевски.

 

Тој додаде дека на 15 октомври со мислата во себе секогаш работа, секогаш Македонија да излезат сите и да ја дадат поддршката сите граѓани за својот градоначалник на Струга и за советничката листа.

 

 

 

28.09.2017 - 21:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега