Јовановски: Го барам гласот на граѓаните за да ја вратиме функционалноста во општина Центар
Се нудам како човек кој има основни вредности, човек кој го почитува семејството и другите, внимава на туѓото време и туѓите потреби. Тоа се основите по кои јас ќе работам, истакна кандидатот за градоначаник на Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ Дејан Јовановски на вечерашната дебата на ТВ Нова.
-Го барам гласот на граѓаните за да ја вратиме функционалноста во општината. Ова се локални избори, зборуваме за локални работи. Се нудам себе си како човек кој што е вреден, трудољубив, упорен и се бори за принципи, нагласи Јовановски.
28.09.2017 - 22:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа