СДСМ во Делчево, ВМРО-ДПМНЕ во Скопје - петти ден од кампањата, карваните продолжуваат
Партиите, коалициите и независните кандидати кои ќе учествуваат на локалните избори на 15 октомври, денеска на петтиот ден од кампањата ќе одржат митинзи и средби со граѓани во повеќе градови и населени места низ Македонија.
Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе има средби со граѓани и собири во Македонска Каменица, Пехчево, Берово и Делчево.
Карванот на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде во Зелениково, Сопиште и во скопските општини Бутел и Карпош.
Демократската унија за интеграција (ДУИ) ќе има предизборни активности во Студеничани.
Кампањата за првиот изборен круг почна на 25 септември, а ќе заврши на 13 октомври во 24 часот. Шестите локални избори во Македонија се закажани за 15 октомври, а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје. Право на глас ќе имаат 1.814.644 граѓани запишани во Избирачкиот список.
Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа