Намалени избирачките места во Кичево

 

Забрзаното иселување на жителите од руралните средини во општината Кичево се рефлектира и врз бројот на избирачките места.

Од 121 избирачко место, колку што имаше на последните парламентарни избори за локалните избори има четири избирачки места помалку или 117.

 

Се гаси избирачкото место 770 од селото Кладник и истото тоа се сели во селото Козица, на избирачкото место број 771. Избирачкото место број 805 од селата Дупјани и Рабетино се сели во селото Светорача, на избирачкото место број 811. Избирачкото место број 765 од селото Ехловец се сели во селото Извор, на бројот 761, додека избирачкото место 799 од Јагол Доленци се сели во селото Јагол, на избирачкото место број 798.

– Причината за овие преселби е тоа што на четирите избирачки места има помалку од 10 жители постари од 18 години, односно потенцијални гласачи, изјави Антигона Сефери, претседателка на ОИК за општината Кичево, каде што, според единствениот избирачки список, на овие избори право на глас имаат 50.624 гласачи. 

 

 

 

29.09.2017 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега